Фудбал
10. April 2016 - 18:06

Убедлива победа на Наполи против Верона

 
Второ пласираната екипа во италијанската Серија А, Наполи забележа очекувана и убедлива победа во дуелот со Верона екипа која е на последното место на табелата. 
 
Во мечот од 32.коло Наполи ја победи Верона со 3:0 со головите на Маноло Габиандини (33-минута), Лоренцо Инсигне од пенал (45) и Хозе Марија Калехон (70). Претходно од 45-минута гостите останаа со играч помалку откако Самуел Супрајен заработи црвен картон.
 
И на другите три натпревари одигран попладнево, победи забележаа домашните екипи: Емполи – Фиорентина 2:0, Торино – Аталанта 2:1 и Сампдорија – Удинезе 2:0. 
 
Вечерва на програмата се средбата Палермо – Лацио, а колото ќе го комплетираат Рома и Болоња со натпреварот кој ќе се игра утревечер. 
 
Табела: Јувентус 76 бод, Наполи 70, Рома 63, Интер 58, Фиорентина 56, Милан 49, Сасуоло 48...