Фудбал
12. јуни 2022 - 19:55

Убедлива победа на Македонија против Гибралтар

Македонската репрезентација извојува убедлива победа над репрезентацијата на Гибралтар со 4:0 на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Головите беа постигнати во првите триесетина минути од стартот на натпреварот во Скопје, а во листата на стрелци се запишаа Енис Барди, Дарко Чулинов и Бојан Миовски кој даде два гола.