-->
-->
Убедлива победа на Куманово над АВ Охрид
-->
Кошаркарите на Куманово забележаа убедлива победа со 30 поени разлика против АВ Охрид во воведниот натпревар од 3.коло на Првата македонска лига.
На средбата одиграна вечерва во Охрид, Куманово убедлиго го совлада дебитантот АВ Охрид со 96-66 по четвртини 22:20, 19:28, 13:18 и 12:30.
Кај побеничката екипа најефикасен беше Данило Мијатвиќ кој средбата ја заврши со 21, додека Александар Костивски беше стрелец на 20 поени.
За Куманово ова е втора победа сезонава во домашниот шампионат, додека АВ Охрид го претрпе вториот пораз.
Утре на програмата се другите три натпревари од ова коло.
Во Битола, од 18 часот ќе се игра дуелот Пелистер – Фени Индустри. Половина час подоцна ќе започме натпреварот во салата „Градски парк“ каде Работнички го пречекува составот на Вардар, а од 19 часот ќе стартува дуелот во Гервгелија меѓу Кожув и Струмица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владата ќе забрани увоз на руска нафта
-
Бислимоски: Не се очекува недостиг на нафта и нафтени деривати
-
Град Скопје испрати екипа на БППЗ Скопје во Газиантеп
-
Посебен сообраќаен режим во дел од Автокоманда
-
24 македонски војници заминаа за Турција
-
Пендиков од бугарските власти ќе добие стан и пари за издржување додека е во Бугарија
-
Ердоган прогласи вонредна состојба во 10 провинции погодени од земјотресот
-
Нови 33 дојави за бомби во училишта во Скопје