Свет
17. September 2017 - 11:30

Уапсила и втор осомничен за петочниот напад во лондонското метро

Во рамки на истрагата за петочниот бомбашки напад во лондонското метро, кога беа повредени најмалку 30 лица, британската полиција уапсила и втор осомничен, наведуваат британските медиуми, повикувајќи се на полицијата.

Во западното лондонско предградие Хаунслоу, непоредно пред полноќ, синоќа бил уапсен 21-годишен маж. Тој бил приведен согласно британскиот закон за тероризам и одведен во полициска станица во јужен Лондон.

Претходно вчера британската полиција во пристанишниот град Довер уапси 18-годишно момче и претресе зграда во градот Санбери, крај Лондон, во врска со нападот.