Македонија
7. December 2019 - 11:45

Уапсено лице на ,,Деве Баир” со фалсификуван пасош

На 06.12.2019 во 14.15 часот на Граничен премин „Деве Баир”, при пасошка контрола било констатирано дека патната исправа на З.Ф.(52) од Р.Албанија била фалсификувана.

Лицето било лишено од слобода, а подоцна и предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.