Македонија
3. јуни 2023 - 16:23

Уапсени три лица кои нападнале полицаец откако им нашол марихуана и прашкаста материја

На 03.06.2023 во 01.45 часот во угостителски објект во Градскиот парк, лишени од слобода биле М.М.(24) од Охрид, И.С.(21) и С.К.(21), двајцата од Скопје.

Од страна на полициски службеници кај И.С. биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана, а тројцата физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.