Уапсени најмалку шест лица во акција на грчката полиција во атинската населба Ексархија
Најмалку шест лица се уапсени во атинската населба Ексархија што важи за собиралиште на анархисти, во акција на полицијата за спречување инциденти во рамки на одбележувањето на годишнината од студентскиот бунт и падот на хунтата, јави дописничката на МИА од Атина.
Уапсената група лица била на тераса на зграда, а кај нив биле пронајдени, меѓу другото, и молотови коктели, гас маски, камења и сл.
Во изминатите години, одбележувањето на 17 ноември завршуваше секогаш со инциденти токму во Ексархија, а непознати лица ја напаѓаа полицијата со молотови коктели од зградите во населбата.
Во центарот на Атина во тек е протестниот марш од Политехничкиот факултет, од каде што започна бунтот во 1973, до амбасадата на САД.
Центарот на грчката престолнина е под силно полициско обезбедување, а само пред американската амбасада има 18 полициски автобуси.
Како што јавува дописничката на МИА од терен, за сега ситуацијата е мирна, а протестниот марш се одвива масовно и без проблем.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024