Уапсени издавачот и директорот на грчкиот весник „Параполитика“
Атинскиот синдикат на новинари (ЕСХЕА) денеска изрази „длабока загриженост“ за климата што беше создадена по вчерашното апсење на издавачот и на директорот на весникот „Параполитика“, под обвинение за клевета и обид за изнудување.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, ваквите обвиненија ги поднесе лидерот на партијата Независни Грци и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос.
- Бордот на ЕСХЕА е длабоко загрижен за климата што се создаде поради интервенцијата на органите на прогонот во канцелариите на новинарите. Новинарство мора да се практикува со одредени правила, но сите мора да ја бранат и да ја штитат слободата на печатот, стои во соопштението на Синдикатот.
Во меѓувреме, некои грчки медиуми јавија дека издавачот и директорот на „Параполитика“ најверојатно денеска ќе бидат пуштени од притвор. Тие во наредните неколку дена треба да се појават пред обвинител.
Ново на Сител
-
Нивото на Охридското Езеро постојано осцилира
-
За еден ден домаќинките од Општина Босилово подготвија 220 килограми ајвар
-
Преглед на вести од светот
-
Пo 50 години конзервација на мозаиците на локалитетот Стакина чешма во Валандово
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со екс амбасадорот во Бугарија, Марјан Ѓорчев
-
Без новиот Закон за заштита на конкуренцијата ќе нема кој да контролира трговци
-
Љутков: Изградбата на Универзална е стопирана, бидејќи не се знае во чие владение е салата, следуваат кривични пријави