Македонија
11. December 2020 - 10:16

Уапсени двајца скопјани, кај нив пронајдена марихуана

На 10.12.2020  во 20.40 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје на крстосницата село Петровец - село Долно Коњари од слобода се лишени М.Д.(33) и Д.М.М.(35), двајцата од Скопје, бидејќи при преглед кај нив е пронајдена марихуана.

По преземени мерки и согласно наредба од Основен кривичен суд Скопје, во текот на ноќва (11.12.2020) извршен е претрес во домот на Д.М.М. при што е пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.