Македонија
2. October 2020 - 11:10

Уапсени двајца скопјани, кај нив пронајдена марихуана

Вчера во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Орешани го лишиле од слобода К.П.(29) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, соопштија од МВР.

Исто така вчера во 20.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Петровец го лишиле од слобода Т.К.(35) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на двата случаи, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.