Македонија
7. January 2022 - 19:29

Уапсени двајца 19 годишници кои се обиделе да прегазат полициски службеници

На 07.01.2022 во 00.30 часот во с.Групчин, тетовско, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода О.М.(19) од с.Џепчиште, тетовско и А.М.(19) од с.Порој затоа што физички нападнале и со возило „фолксваген лупо“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал О.М., удриле полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Ново на Сител