Уапсени четири лица за нападот врз солунскиот градоначалник
За нападот на градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, грчката полиција досега идентификуваше и уапси четири лица, од кои едно малолетно.
Прво беа уапсени еден 20-годишен и еден 36-годишен маж, а доцна синоќа и уште две други лица, од кои едно 17-годишно момче.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, четворицата ќе бидат изнесени пред јавен обвинител и ќе одговараат за нарушување на јавниот ред и мир, нанесување телесна повреда и предизвикување штета.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во текот на денешниот ден, во Солун ќе се заседава Општинскиот совет каде што градоначалникот Бутарис ќе излезе со став за нападот.
Општински совет за инцидентот од саботата ќе се одржи и во Атина, а паралелно закажани се и собири за поддршка на солунскиот градоначалник.
Бутарис, како што вчера објави МИА, вербално и физички беше нападнат од група граѓани за време на манифестацијата за одбележување на годишнината од геноцидот на пондските Грци, во центарот на Солун.
Ново на Сител
-
Акциска контрола во угостителски објект во тетовско, приведени сопственикот и пет странски државјанки
-
Изминатите три дена 2490 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава
-
Приведен 27-годишник од Гостивар за кражба на електричен тротинет
-
ЈП ЛАЈКА апелира до граѓаните да покажат грижа и одговорност кон милениците и бездомните животни
-
Муцунски во Лондон ќе ја потпише Декларацијата за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Активни три пожари, еден е под контрола, а 17 се изгаснати
-
Малолетник загина по пад од мопед на излезот од Охрид
-
Народната банка и Централната банка на Германија ја продлабочуваат соработката за зајакнување на институционалните капацитети