Уапсени четири лица поради марихуана
Вчера во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје од бул.„АСНОМ“ го лишиле од слобода Ф.Д.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Вчера во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода Л.А.(30) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Синоќа во 23.30 часот на ул.„180“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(29) од Тетово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена дробилка со остатоци од марихуана, ризла и нож.
Синоќа 16.11.2019 во 20.45 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Ф.(22) од Тетово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана и два ножа
По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок..
Ново на Сител
-
Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом
-
Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава
-
Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда