Фудбал
13. April 2017 - 11:46

Уапсени англиски фанови во Мадрид

Шпанската полиција, во пресрет на натпреварот помеѓу Атлетико и Лестер, уапси осум навивачи на англискиот клуб.
 
Навивачите на Лестер, во шпанската престолнина, се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир. Уапсените ја навредувале полицијата и предизвикале инциденти на главниот плоштад ноќта помеѓу вторникот и средата.
 
Околу 100 навивачи на Лестер се наоѓале на плоштадот кога полицијата се обидела да го растури нивниот собир, поради што и настанал проблемот.
 
Шпанските медиуми пренесоа дека со полесни повреди се здобиле двајца полицајци и тројца навивачи. биле полесно повредени.
 
Атлетико и Лестер првиот четвртфинален натпревар ќе го одиграат вечерва од 20:45 часот.