Македонија
25. March 2021 - 10:23

Уапсени 21 лице во голема полициска акција во Грчец и Гази Баба

Рано утринава во полициска акција во Грчец и Гази Баба уапсени се 21 лице за трговија со дрога.

Станува збор за сузбивање на голема група луѓе кои се теретат за сериозен криминал, а акцијата е предводена од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција заедно со Министерството за внатрешни работи.

Полициската акција се уште трае, а детали се очекуваат по завршувањето.