-->
-->
Уапсени 12 жени во угостителски објект во Гостивар: Го злоупотребиле туристичкиот престој
-->
При полициска акција во Гостивар уапсени се 12 жени, пет од нив го злоупотребиле туристичкиот престој.
-На 30.12.2024 во периодот од 00.00 до 01.10 часот, полициски службеници при ОВР Гостивар, во содејство со полициски службеници од СВР Тетово, спровеле акциска контрола во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар, сопственост на Ј.А.(48) од Гостивар. При контролата во објектот биле затекнати 12 женски лица, од кои пет (четири од Република Србија и една од Република Албанија) го злоупотребиле туристичкиот престој. Тие биле приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, по што против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, стои во соопштението од полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нов базен во Кисела Вода
-
Општата болница во Струмица добива нови доктори и здравствен персонал
-
Светски ден на борба против хепатитис
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Тешка битка со пожарите - спасен живототот на припадник на армијата кој се борел со огнот
-
Мицкоски во Пустец
-
Пожари го пеполосуваат Балканот и поширокиот регион