Свет
3. February 2021 - 9:21

Уапсени 12 мексикански полицајци поради убиство на 19 лица во близина на границата со САД

Полицијата во северниот дел на Мексико уапси 12 полицајци поради сомнеж дека учествувале во убиството на 19 лица во близина на границата со САД, соопшти денеска обвинителството.

– На местото на убиствата се пронајдени траги кои покажуваат дека во масакрот учествувале најмалку 12 државни полицајци, истакна обвинителот на мексиканската држава Тамаулипас, Ирвинг Бариос на прес-конференција. Обвинителството на 12 јануари соопшти дека е пронајдено запалено возило со остатоци од 19 луѓе, од кои повеќето веројатно биле мигранти од Гватемала, кои се обиделе преку Мексико илегално да преминат во САД.