Уапсена Србинка во Италија: Го избодела сопругот додека спиел
Италијанската полиција уапси жена со српско потекло, која вчера во Трст со кујнски нож го избодела својот сопруг додека спиел. Ранетиот маж потоа побегнал од станот и истрчал крвав на улица за да повика помош.
„Нападот се случил околу 19 часот и 30 минути, а според верзијата на повредениот (60), исто така со српско потекло, жената со кујнски нож го прободела во вратот додека спиел. Оружјето подоцна било пронајдено на улица, недалеку од куќата“ – пишува италијански Triesteprima.
Според сведочењето на соседите од влезот каде што живее овој пар, никогаш досега не правеле проблеми.
„Тоа се двајца добри луѓе, пиеа повремено, но како и многу други, не претерано. Имаа финансиски проблеми бидејќи и двајцата останаа без работа. Ги познавам и навистина не можам да објаснам што се случи“ – изјавила сосетката.
Друг сосед открива дека го разбудил телефонски повик во 23 часот, дека му се јавиле да го прашаат што се случува во населбата.
„Потоа излегов низ вратата и видов многу крв, трагите водеа до третиот кат од зградата, каде што живеат сопружниците. Сепак, воопшто не слушнав никакво врескање или тепачка. Секое семејство живее на свој начин, но колку што знам тие се нормални луѓе. Жал ми е за нив, бидејќи и двајцата добро ги познавам“ – рече тој.
Осомничената е уапсена, а рочиште е закажано за в понеделник.
Ново на Сител
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
-

На Клинички ќе има четири вида на плаќање, а цените ќе ги одредува советот на Град Скопје
-

ССМ на блокада пред Стопанската комора
