-->
-->
Уапсена сопругата на Шинаи во кој беше пукано вчера во Куманово
-->
На 07.10.2025 полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско. Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово по судска наредба, е извршен претрес.
По целосно документирање на случајот, против А.А ќе следува соодветна пријава, додека против Љ.Ф. (36) од Гостивар, кој се сомничи за обид за убиство и се уште е во бегство, по консултација со Основното јавно обвинителство, исто така ќе биде поднесена кривична пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Познати 19 учесници за Светското првенство во 2026 година
-
47-годишник од велешко со автомобил удрил во паркирано возило, па во малолетен пешак
-
Маж од тетовско вознемирувал малолетничка, па откако нејзината мајка пробала да разговара со него, тој ја нападнал
-
69-годишен штипјанец палел оган на терасата од својата куќа и предизвикал пожар
-
Тетовец нападнал вработен во угостителски објект со остар предмет
-
Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Додека бил директор, Нино Васев се потпишувал на т.н. условна терапија
-
Ѓорѓиевски: Подземната сообраќајница под „Лимак“ ќе го растовари метежот во Центар, а улицата „Даме Груев“ ќе прерасне во булевар
-
М-НАВ: Македонското небо не смее да се „затвори''