Уапсена 86-годишна крадачка на накит

Дорис Пејн (86), најверојатно е најстариот крадец на накит во светот.
Таа била уапсена во вторникот вечерта во близина на Атланта, додека се обидувала да украде ѓердан вреден 2.000 долари.
Пејн го ставила ѓерданот во задниот џеб на панталоните и се обидела да си замине од продавницата, но била пресретната од чуварите.
Од неа продавниците на накит стравуваат уште од 1970 година, а толку многу е позната што во 2013 година за неа е снимен и документарен филм.
Полицијата верува дека во својата кариера користела најмалку 22 адреси и дека за многу грабежи воопшто не одговарала, затоа што е многу вешта во крадење по продавниците, па е многу тешко да биде откриена.
- Јас не одредувам што ќе се случи кога ќе влезам во продавница, тоа го одредуваат луѓето кои работат во неа. Јас не велам дека сакам да видам нешто што чини 10.000 долари, тие само одлучуваат тоа да го покажат врз основа на мојот изглед и начин на кој се преставувам самата себе, рече еднаш таа.
Ново на Сител
-

Доколку и во иднина има блокади на балканските транспортерите штета ќе има цел Балкан, но и Европа
-

Раст на индустриското производство во декември
-

Преглед на вестите од светот
-

Кос го подготвува нонпејперот за полесно проширување на ЕУ, во Македонија и регионот нема многу оптимизам дека ќе помогне
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
