Уапсен возачот кој возеше во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес
Полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи денеска го лишиле од слобода М.Ш. (39) од село Челопек, Тетовско.
Според МВР, на 2 август околу 19:20 часот, тој со автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки се движел во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес. Случајот беше објавен и на социјалните мрежи, каде што очевидци споделија фотографии од возилото.
По целосно документирање на случајот, против 39-годишникот ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.
Тој ќе биде изведен пред надлежен јавен обвинител.
Од МВР повторно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите со цел да се спречат опасни ситуации и да се зголеми безбедноста на патиштата.
Ново на Сител
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
-

Се одбележаа 25 години од масакрот на Карпалак кога загинаа 10-мина прилепчани
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за младите од Ново Село, СДММ бара одговорност за откривање службена тајна
-

Зеленски во официјална посета на Србија
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
