-->
-->
Уапсен убиецот од Хром
-->
Во брза заедничка акција на Оперативен тим Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција денеска во 14.20 часот на подрачјето на населба Влае лишен е од слобода А.Д.(39) од Скопје, за кого пред два дена беше распишан Централен распис за потрага, а во текот на вчерашниот ден беше поднесена и кривична пријава по брза постапка за извршени две кривични дела, „убиство" и „тешки дела против општата сигурност", информираше МВР.
Како што додаваат оттаму, по преземени сеопфатни оперативно-тактички мерки и активности во претходните неколку денови, лицето во 14.10 часот е забележано во близина на мостот „Обединети Нации" и при обид за бегство е фатено и приведено во полициска станица, по што ќе биде изведено пред надлежен судија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повреден 57-годишен маж од Тетово, излетал од пат со четирицикл
-
Уапсен скопјанец на бензинска пумпа пред Куманово, пронајден пиштол
-
Почина пешак во Струмица откако го прегазил камион
-
Физички инцидент меѓу двајца лекари во Клиничката болница - Штип
-
Истрага за поткуп и проневера во СОЗР, побаран притвор за поранешниот директор
-
Без вода делови од Чаир, Бутел, Топанско Поле и Гази Баба
-
Глобален самит за вештачка интелигенција во Париз
-
Вицепремиерот Меџити на Безбедносниот форум во Вашингтон: Северна Македонија, доверлив партнер на САД