Македонија
7. October 2020 - 18:47

Уапсен турски државјанин во Штип, нападнал маж и тешко го повредил

Вчера полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Ц.К.(21) од Р.Турција, со привремен престој во Штип, затоа што околу 15.00 часот физички го нападнал А.П.(45) во неговиот дом во Штип, нанесувајќи му тешки телесни повреди, информираат од МВР. 

За настанот бил известен Јавен обвинител, а Ц.К. бил приведен и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.