Македонија
2. February 2022 - 10:45

Уапсен „терористот“ кој му испрати заканувачко писмо на Јовески

Уапсен е мажот кој пред две недели му испрати заканувачко писмо на обвинителот Јовески, пишува „Слободен печат“.

Испраќачот или испраќачите на писмата се претставуваат како терористичка организација, која има астрономска поддршка насекаде низ државата и која ќе се бори и ќе ги брани до последна капка крв новинарите кои го преставуваат гласот на народот.

Обвинителот Љубомир Јовески пак, вели дека ниту една закана, вклучувајќи ја и оваа, по живот, нема да го поколеба да работи професионално и одговорно во примена на законите. Писмото, на англиски и македонски јазик, веќе е пратено до МВР, каде се испитува содржината и лицето кое ја испратило пратката.