Уапсен таткото на убиецот од Младеновац, пронајдени оружје и муниција | ВИДЕО
Полицијата го уапси Радиша Блажиќ, таткото на Урош Блажиќ, кој е осомничен за убиство на осум лица.
Српската полиција објави видео од апсењето, на кое се гледа како мажот е врзан со лисици.
При претрес на објектот што го користел осомничениот Радиша, пронајдени се неколку стотици куршуми различен калибар, еден пиштол и еден револвер.
Пронајден е и рачно изработен уред за чкрапало, како и неколку оптички нишани и други разновидни делови за огнено оружје.
На Радиша Блажиќ, поранешен припадник на вооружените сили на Србија, му е одреден притвор до 48 часа.
Како што дознава „Блиц“, тој се товари за недозволено поседување оружје и пуштање во промет експлозивни материи.
Синот на Радиша, Урош Блажиќ, беше уапсен во селото Вињиште кај Крагуевац, 9 часа откако уби 8, а тешко повреди 14 лица. По сослушувањето, Урош доби притвор до 30 дена.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Никола Димитров, екс министер за надворешни работи
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Четири лица завршија на токсикологија од пожарот во Трубарево – утре ќе се знае колку и со што е загаден воздухот
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за пожарите и штетниот воздух
-
312 кандидати за градоначалници во 80 општини и Скопје, 18 се за главниот град
-
Сашко Јанчев од Левица удрил во двајца малолетници на мопед и е приведен во полиција
-
Хаос во образовниот процес во Кочани