Уапсен суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол
Суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол денеска е приведен за накратко воведената воена состојба во декември, јави официјалната новинска агенција Јонхап.
Полицајците и персоналот од канцеларијата за борба против корупцијата на Јужна Кореја утрово го придружуваа Јун од неговата резиденција за да го одведат до канцеларијата на јавниот обвинител во нивниот втор обид да го сторат тоа, информира Јонхап.
Операцијата изгледаше мирна и покрај сериозните безбедносни грижи, пренесе ДПА.
Јонхап ја цитира Канцеларијата за истраги за корупција за високи функционери (ЦИО), која соопштила дека налогот за притвор бил извршен во 10:33 часот (01:33 по Гринич). Ова е првпат во историјата на земјата да биде уапсен актуелен претседател на Јужна Кореја.
Јун бил виден како влегува во седиштето на ЦИО на испрашување. Според Јонхап, истражителите ќе бараат налог за формално апсење на претседателот во рок од 48 часа.
„Иако се работи за незаконска истрага, решив да се согласам да се појавам во ЦИО со цел да се спречи грдото крвопролевање“, рече Јун во снимена видео порака објавена по неговото апсење.
Уставниот суд на Јужна Кореја вчера го одложи првото рочиште во постапката за импичмент против Јун (64) бидејќи тој не беше присутен. Тој преку својот адвокат изјавил дека не присуствувал поради безбедносни причини.
На 3 декември, Јун накратко прогласи воена состојба за време на спор околу буџетот со опозицијата.
Во средината на декември, пратениците го сменија од функцијата до понатамошно известување по обвиненијата за злоупотреба на власта и бунт, а Уставниот суд моментално ја разгледува одлуката.
Јун ја бранеше својата одлука со изјавата дека прогласил воена состојба за да ја заштити нацијата од „антидржавните сили“ – што значи неговите политички противници.
Засега со државните работи раководи поранешниот министер за финансии и вицепремиер Чои Санг Мок.
Ново на Сител
-
Охрид подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет
-
Павле Атанасијевиќ: И покрај поразот од Холандија, горд сум на нашата репрезентација
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици
-
Лазаревски: Иако се подготвуваме за нивната игра, тешко беше да се спречи транзицијата на Холандија
-
Четворица загинати и тројца повредени во руски напад врз Киев
-
ДСЗИ нема утврдено недостатоци при третманот на деветгодишното дете од Свети Николе, кое почина во вторникот
-
ТикТок објави дека од утре ќе прекине со работа во САД
-
Израелската влада го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас, стапува во сила утре