Уапсен Пи Диди во Њујорк - Обвинет за трговија со луѓе

Раперот Шон „Диди“ Комбс, познат и како Пи Диди, а порано и Паф Деди, бил уапсен во Њујорк под „неодредени федерални обвиненија“, изјавиле извори од органите на редот за американските медиуми.
Лице блиско до обвинителството изјавило за „Њујорк Тајмс“ дека веруваат дека раперот Паф Деди е обвинет за рекетирање и трговија со луѓе во својство на сексуална експлоатација.
Апсењето на Менхетен уследи по рациите на два негови имоти во Лос Анџелес и Мајами како дел од федералната истрага за потенцијална сексуална злоупотреба и трговија со луѓе во истиот контекст.
Адвокатот на Комбс, Марк Ангифило, соопштил дека се „разочарани“ од апсењето и дека неговиот клиент е „невин човек“.
Адвокатот додаде дека неговиот клиент „со нетрпение очекува да го исчисти своето име на суд“ и дека ова е неправедно кривично гонење.
„Сонот Диди Комбс е музичка икона, претприемач, вљубен семеен човек и докажан филантроп кој ги потроши изминатите 30 години градејќи ја својата империја, посветувајќи се на своите деца и работејќи на подигање на црнечката заедница“, додаде адвокатот.
Музичарот се соочи со низа обвинувања кои се движат од сексуален напад до злоупотреба, вклучително и обвинувања од неговата поранешна партнерка Касандра „Каси“ Вентура. Тој ги отфрли сите досегашни обвинувања.
Проблемите на Диди започнаа во 2023 година кога Вентура поднесе тужба против него, а во истата недела две други жени поднесоа тужба, тврдејќи дека биле злоставувани и нападнати. Една истакнала дека Комбс ја гушел додека не се онесвестила. Во декември минатата година, во друга граѓанска тужба беше наведено дека тој бил вклучен во продажба на девојка за секс кога таа имала само 17 години. Во февруари оваа година, беа поднесени нови обвинувања од неговиот поранешен продуцент Родни Џонс Џуниор, кој посочил дека Комбс се обидел да го принуди на несакани сексуални односи со други. Еден месец потоа, во неговиот имот се случи рација.
Многу од тужбите против него беа поднесени непосредно пред истекот на Законот за возрасни преживеани во Њујорк, кој привремено им дозволуваше на луѓето кои изјавија дека биле сексуално злоупотребувани да поднесат тужби, дури и по истекот на статутот на застареност.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
