Македонија
8. October 2024 - 10:06

Уапсен пензионер (64) од Кичево, кај него пронајдени тегли марихуана и дигитална вага

„Вчера во 23.40 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево го лишиле од слобода С.З.(64) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања и неколку тегли со марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од марихуана“, информираат од МВР.