-->
-->
Уапсен осомничениот за масакрот на новогодишната ноќ во Истанбул
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2017/january/napagac-1-98965.jpg?itok=oxEKH9Yc)
Петнаесет дена по новогодишниот масакр во клубот Реина во Истанбул е уапсен Aбдулкадир Машарипов кој е осомничен за нападот во кој загинаа 39 лица.
Мажот како што пренесуваат медиумите бил уапсен во Истанбул во станот на негов пријател каде престојувал заедно со четиригодишниот син.
Крвавиот пир го изврши само еден час по полноќ на новогодишната ноќ кога испука 6 шаржери со вкупно 180 куршуми убивајќи 39 лица а рани 69.
Повеќе детали се очекува да бидат соопштени денеска.
Претходно беше приведена и неговата сопруга но таа изјавила дека за нападот дознала од телевизија.
Таа рекла дека не знаела оти нејзиниот сопруг е исламист и дека вечерта откако побегнал од клубот дошол дома, се поздравил со неа, го зел синот и заминал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години