Уапсен осомничен за седум кражби во тетовско и гостиварско

Дваесет и четири годишниот Е.А од Тетово е осомничен како сторител на седум тешки кражби што биле извршени од 25 март до 10 овој месец во куќи на тетовското и поширокото гостиварско подрачје, информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според Јосифовски, Е.А и претходно повеќепати бил пријавуван за вакви кривични дела. Против него, како што рече, наскоро ќе биде изготвен соодветен поднесок за овие седум тешки кражби.
- Осомничениот Е.А. кој инаку „оперирал“ сам од куќите во кои претходно насилно влегувал со провалување на влезните врати или прозорците, најчесто одземал пари, технички производи, апарати за домаќинство и друго. Дел од одземените предмети се пронајдени и вратени им се на нивните сопственици додека останатите дополнително ќе им се вратат откако ќе се заокружат сите поединости поврзани со кражбите, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-

Најстудено утро во Берово и Лазарополе, измерени минус два степени Целзиусови
-

Папата Лав ги повика САД и Иран да се вратат на преговарачка маса
-

Без струја делови од четири скопски општини
-

Норвешката влада планира забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години
-

Загинат и петмина ранети во оружена престрелка во трговски центар во американската сојузна држава Луизијана
-

Силен земјотрес јужно од грчкиот остров Крит
-

Сончево и потопло време, температури до 23 степени
-

Разузнавачки агенции: Кина гради мрежи од компромитирани уреди за кибер-активности
