Уапсен ограбувачот на филијали за брзи кредити

Уапсен е крадецот кој во август годинава ограби две продавници за брзи кредити во Градскиот трговски центар и кај Бит пазар во Скопје.. 25 годишниот скопјанец со иницијали Б.А на 15 и 16 август годинава со закана од пиштол од двете продавници одзел вкупно 85.500 денари.. Првото разбојништво го спровел на 15 август, влегол во продавницата и седнал на едно од столчињата за странки, а кога вработената го прашала колку пари сака, тој извадил пиштол и наредил да го отвори сефот.. Зел 60 илајди и 500 денари па избегал..
Три дена подоцна, во старата скопска чаршија во продавница на истото друштво за брзи кредити на сличен начин од вработениот одзел 25 илајди денари.. Се упатил кон плоштадот Македонија, а од камениот мост пиштолот го фрлил во Вардар.. По кражбите побегнал во Хрватска.. Во двата случаи, разбојникот го снимиле безбедносните камери, а потрагата по него завршила вчера.. По приведувањето ги признал двете кражби, поднесена му е кривични пријава, а по барање на Јавното обвинителство одреден му е 30 дневен притвор.. Постоел ссомнеж дека осомничениот може да го повтори кривичното дело или да побегне..
Ново на Сител
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
