Македонија
26. December 2020 - 16:31

Уапсен маж од Свети Николе кој насилно влегол во домот на неговата соседка и ја нападнал

Вчера полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода К.Г.(64) од Свети Николе, бидејќи околу 20.10 часот на ул.„Кумановска“ во Свети Николе, насилно влегол во домот на неговата соседка  В.Д.(65) и ја нападнал со метален предмет, соопштуваат од МВР.

Се работи на целосно документирање на случајот и против К.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ново на Сител