Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола

Сопственик на продавница за миленици од Осака е уапсен под сомнение дека чувал соленоводен крокодил долг 1,5 метри – без соодветна дозвола, според полицијата на Префектурата Осака.
Властите извршиле претрес во продавницата на 1 септември. Сома Сатоми (34) наводно го чувал крокодилот, како и желка-гризач и 21 обична желка, во аквариум во својата продавница – исто така, без потребните дозволи. Тој ги признал обвиненијата, пренесуваат јапонските медиуми.
Според наводите, Сатоми ги чувал животните како миленици и немал намера да ги продава. Полицијата истражува како Сатоми дошол до животните.
Соленоводниот крокодил е најголемиот жив вид крокодили и единка може да порасне до должина од четири или пет метри. Тие се хранат со цицачи и други животни.
МИА
Ново на Сител
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
