Уапсен маж (36) за киднапирањето на дедото на сопругата на Новак Ѓоковиќ
Припадниците на српското МВР во текот на ноќта го уапсија Бранислав М. (36) од Сремска Митровица кој е осомничен дека извршил кривично дело изнуда во обид, односно киднапирање на дедото на Јелена Ѓоковиќ во Љиг, соопшти денеска српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
Стефановиќ пренесе дека на Бранислав М. му е одреден притвор од 48 часа во Ваљево, по што ќе биде приведен во обвинителство. Укажа на тоа дека полициајта пронашла одредени предмети кои сведочат за стореното дело. Според Стефановиќ делото го сторил еден извршител и еден помагач.
„Мислиме дека ова е случај кој е дело на ниско ниво на организација“, рече тој, негирајќи дека се работи за кривично дело до поголема организација.
Тој им се заблагодари на луѓето од полицијата, кои сфатиле дека вакви работи мора брзо да се решаваат, за да се отстрани било каков сомнеж за ефикасноста на полицијата, па и испраќаат порака до криминалците дека многу се лажат дека лесно се прави изнуда.
Ново на Сител
-
ЕУ воведува царини за САД
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Најмалку 113 загинати во несреќата во ноќен клуб во Доминиканската Република
-
Уставниот суд го одби барањето на Апасиев против поранешниот претседател на Собранието
-
Николоски: Заеднички и одговорно ќе го вратиме сјајот и духот на македонските железници
-
Полицајци заедно со затвореник барале дрога во Штип, лажел дека бара часовник кој му го земал кучката Цеца | ВИДЕО
-
Кривична против три лица од Чешка, вршеле ископ на културни добра во мариовско
-
Зошто насмеаните стјуардеси и стјуарди го поздравуваат секој патник на влезот?