Уапсен македонски државјанин во Грција за нелегално пренесување мигранти
Скриени во приколката од камионот што го возел, 34-годишен македонски државјанин се обидел нелегално од Турција во Грција да внесе четворица мигранти од Бангладеш, но при контрола на граничниот премин, грчката полиција ги открила мигрантите.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, инцидентот се случил на граничниот премин Кипи во североисточна Грција, во утринските часови во вторникот, а македонскиот државјанин бил уапсен.
- Поконкретно, сторителот кој управувал со камион со приколка пристигнал на граничниот премин Кипи за да влезе во земјата. Таму, за време на контрола извршена од страна на полицијата со помош на царинските службеници, се покажа дека 34-годишниот нелегално во внатрешноста на земјата пренесува четири нелегални мигранти, кои ги скрил во приколката, соопштуваат од грчката полиција.
Камионот бил запленет, а уапсениот ќе биде изнесен пред јавен обвинител во грчкиот град Алескандрополи.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати