Македонија
15. January 2022 - 17:24

Уапсен Македонец во Ниш, со службена картичка купувал гориво па го препродавал

Припадници на МВР Ниш по наредба на Основното јавно обвинителство Ниш ќе поднесат кривична пријава против 47-годишен маж од Македонија поради постоење основи на сомнение дека извршил кражба и фалсификување и злоупотреба на платежни картички, пренесува Нова.рс.

Тој е осомничен дека ја користел картичката за гориво на фирмата во која е вработен, која му била дадена на користење, а на бензинските пумпи во Србија точел гориво за свои потреби, кое подоцна наводно го продавал.

Откако наполнил гориво на бензинска пумпа во Дољевац, полицајците го пронашле во Ниш и го уапсиле.