Уапсен еден од најмоќните мафијашки шефови во Европа, Дон Мико

Во заедничка акција на шпанската и италијанската полиција уапсен е шефот на криминалната организација Ндрангета, Доменико Павиљанити, познат и како „Дон Мико“.
Тој е приведен вчера во Сорија, околу 200 километри североисточно од Мадрид. По Павиљанити е издадена европска потерница уште во 2022 година.
Тој во Италија е обвинет за бројни кривични дела, меѓу кои насилни злосторства, трговија со дрога и перење пари. Павиљанити се соочува со казна затвор до 19 години.
Се очекува наредните денови да почне процедурата за екстрадиција во Италија за да може таму да ја отслужи казната, соопшти Обвинителството во Калабрија, каде е седиштето на Ндрангета.
„Дон Мико“ (65) е еден од најбараните италијански бегалци, кој повеќе пати бил уапсен во Шпанија.
Тој првпат во Шпанија е уапсен во 1996 година, а три години подоцна е екстрадиран во Италија, каде беше осуден на 20 години затвор, но беше ослободен пред време поради грешка во пресметувањето на неговата казна. Павиљанити повторно е приведен во Мадрид во 2021 година и подоцна е ослободен откако му истече казната.
Тој во Сори, град до околу 40.000 жители, водел мирен живот.
Ндрангета е една од најмоќните мафијашки организации во светот и беше во центарот на судирите помеѓу клановите во 80-тите и во 90-ти години од 20 век, при што загинаа околу 700 луѓе.
МИА
Ново на Сител
-

Професорка од Штип побарала 300 евра мито на студент од Турција за положување испит
-

Опасна неексплодирана граната пронајдена кај границата со Грција
-

СП 2026: Мароко осминафиналист – Холандија го заврши настапот на Мундијалот
-

Пожар кај скопско Визбегово
-

Последен поздрав за Владо Јаневски вечерва пред арената „Борис Трајковски"
-

Во функција ставени повеќе од 220 фонтани за пиење вода во Скопје, најавено и поставување нови
-

Со заработка од 977 милиони долари филмот за Мајкл Џексон е најпрофитабилен биографски филм на сите времиња
-

Matto Napoletano е меѓу 20-те најдобри пицерии во Европа - најдобра рангирана пицерија на Балканот
