-->
-->
Уапсен 65 годишен струмичанец, поради пронајдена дрога
-->
Шеесет и пет годишен струмичанец вчера бил уапсен откако полицијата кај него и во неговиот дом пронашла дрога.
Од МВР информираат дека вчера, во 08.35 часот во Струмица полициски службеници го лишиле од слобода С.Н.(65) од село Добрејци, струмичко, кај кого при преглед била пронајдена марихуана и семки од растение.
- Врз основа на наредба на судија од Основен суд Струмица, бил извршен претрес во домот во кој престојува лицето, во с. Три води, струмичко, при што биле пронајдени пет пакувања со марихуана, соопштуваат од МВР.
Тој бил задржан во полициската станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По целосно расчистување на случајот, против С.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ предложи свои мерки
-
Левица предложи патни трошоци за вработените
-
Милошоски: Уставни измени со одложено дејство е добро решение
-
Димитриевски: Сакам да ги слушнам сите аргументи
-
Завршни консултации за измени на законот за локална самоуправа
-
Пациентките приморани да чекаат со недели за мамограф и ехо преглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила