Уапсен 46 годишник кој му помогнал на Палчо да избега во Турција по убиството
Oсновното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил - Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Основаното сомневање дека осомничениот го сторил кривичното дело произлегува од досега прибавените докази од Бирото за јавна безбедност, Сектор за меѓународна полициска соработка доставено до СВР Скопје во кое е наведено дека лице осомничено дека сторило кривично дело, по кое сега е распишана меѓународна потерница, на 02.12.2023 година било регистрирано на граничните премини во Р.Бугарија и тоа со влез во Р.Бугарија на ГП Калотина и излез од Р.Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција).
И двете регистрации се со возило марка Ланд Ровер, управувано од осомничениот. Лицето е лишено од слобода и со него полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка извршија информативен разговор. Во конкретниот случај, постојат околности кои го оправдуваат стравот за опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, со оглед на околностите за видот и карактерот на делото, запретената казна и последиците од истото.
Ново на Сител
-
Пожар во Козле, изгореа куќа и помошна просторија
-
Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз не е закажана, ЈСП има нафта доволна за денеска
-
Активни три, под контрола четири пожари
-
Американската влада ја прогласи Антифа за „домашна терористичка организација“
-
Премиерот Мицкоски во посета на Штип
-
Франција лидер по број на освојувачи на „Златната топка“
-
Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН
-
Вонреден состанок на Воениот комитет на НАТО посветен на руското нарушување на воздушниот простор на Пактот