-->
-->
Уапсен 39 годишен скопјанец баран за убиство
-->
На 13.12.2021 во 21.40 часот во угостителски објект на ул.„Прашка“ во Скопје, Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лиши од слобода К.Д.(39) од Скопје.
Тој бил баран по четири централни потерници, по издадени наредби на Основен суд Скопје 1, поради сомнение за сторени кривични дела „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик од 2014 година, „тешка телесна повреда“ по член 131 и две кривични дела „учество во тепачка“ по член 132 од Кривичниот законик.
На него му била одредена и мерка притвор по сите четири наредби. Лицето ќе биде предадено на казнено поправна установа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поради градежни активности Гостивар остана без вода
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест на пензионерите пред Уставен
-

Почнаа да снимаат камерите - казни од следниот месец
-

Реформската агенда и Берлинскиот процес на дебата во Собранието
-

СДСМ: Разузнавач вработен во фирмата која го добила тендерот
-

Андоновски: Над 20.000 студенти ги искористиле ваучерите
-

Цврстите горива и понатаму број 1 причина за аерозагадувањето во Македонија
