Македонија
16. November 2022 - 9:20

Уапсен 34 годишник од Скопје, при претрес во неговиот дом пронајдени пушка и муниција

На 15.11.2022 во 20.30 часот на ул.„23-ти Октомври“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода М.А.(34) од Скопје.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка - карабин „Црвена застава“, 53 куршуми за револвер 357 Магнум  и 17 куршуми за ловечки карабин, кои ги поседувало нелегално.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.