-->
-->
Уапсен 19-годишник во Куманово, со него затекнато 14-годишно девојче пријавено за исчезнато
-->
Кумановската полиција приведе деветнаесетгодишник со кого затекнало малолетно 14 годишно девојче за кое имало пријава дека се оддалечило од нејзиниот дом.
- Вчера во 15: 20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(19) од Куманово. При преглед кај него било пронајдено огнено оружје и со него била затекната 14-годишна девојка за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од нејзиниот дом, информираше СВР Куманово.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Претходниот ден, триесет и четиригодишната А.Ф. пријавила во полицијата дека нејзината 14 - годишна ќерка се оддалечила од нивниот дом.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува
-
Изградбата на депонијата во Новаци се одвива бавно
-
19-ти „Марш на ангелите“ за правда
-
Годинава се очекуваат околу 65 милиони килограми од популарната црвена пиперка ајварка
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква