-->
-->
У_21: Стартен триумф на Македонија над Ерменија
-->

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година со победа од на гости постигната попладнево во Ереван против Ерменија ги почна новите квалификации за Европското првенство 2019 година. Избраниците на селекторот Благоја Милевски сосема заслужено стигнаа до триумфот од 3:0 во натпревар во кој имаа комплетна доминација и контрола над играта и резултатот.
Стрелец на сите три голови беше капитенот на нашата репрезентација Тихомир Костадинов (8.минута, 26.минута и 72.минута).
Ерменија и покрај поразот денеска остана на првата позиција на табелата.
Табела: Ерменија 4 бодови (3 натпревари), Србија 3 (1), Македонија 3(1), Австрија 3 (1), Русија 1 (1) и Гибралтар 0 (3).
Македонија следниот натпревар го игра на 6.октомври на домашен терен против Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Климатските промени сериозна закана за производството на храна и аграрот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
