-->
-->
У-21: Против Шпанија мора да се игра „валкано“
-->
Ѕвездите на младата германска репрезентација ја открија тактиката за финалето на У-21 на Европското првенство, во кое во петок од 20:45 играат со Шпанија во Краков.
Макс Мејер, офанзивен играч за врска на Шалке, објасни како ќе го запрат фаворизираниот противник кој предводен од Асенсио, Суарез и Саул ги победи сите противници на ЕП.
„Против Шпанија мораме да играме валкано, веднаш на почетокот да ги исечеме со редица прекршоци, така што ќе ја изгубат волјата и уживањето во играта“, вели Мејер.
Голманот Џулијан Полерсбек исто не крие како неговата репрезентација ќе игра против Шпанија.
„Ќе им покажеме на Шпанците како се игра финале. Малку од добрата стара германска жестина и цврстина ќе ги натера да ја загубат надежта. Тика-така фудбалерите како што е Асенсио треба постојано да се удираат по петиците, да видат дека со нас нема играње“, вели Полерсбек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето
-
Без струја корисници во Аеродром и Студеничани
-
Двајца вработени во израелската амбасада застрелани во центарот на Вашингтон
-
Каја Калас во Белград, Вучиќ: Србија останува доверлив партнер на сите кои се стремат кон соработка
-
Земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди грчкиот остров Крит
-
Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд
-
Трамп ги обвини советниците на Бајден за „велепредавство“
-
Трајко Славески кандидат за гувернер на Народната банка