-->
-->
У-21: Договорена контролка со Белорусија
-->

Македонската репрезентација до 21 години ќе одигра контролен натпревар против Белорусија на 1. јуни 2016 година на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Пријателската пресметка против Белорусија ќе следува четири дена по квалификацискиот натпревар во Киев против Украина за пласман на Европското првенство.
-На натпреварот против Белорусија ќе повикаме фудбалери кои нема да настапат на квалификацискиот дуел против Украина. Најголем дел од играчите кои ќе добијат повик за натпреварот против Белорусија ќе бидат од генарацијата до 20 години, фудбалери родени 1996/97. Целта е веќе да ги подготвуваме фудбалерите за наредниот квалификациски циклус, да ја почувствуваат атмосферата во тимот, да се соочат со принципите за работа и да се обидеме да го вметнеме натпревачкиот дух кој ја краси селекцијата до 21 година, изјави селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се работи на долгорочно решение за плажите
-

Акција за поголемо учество на жените во локалното одлучување
-

Рециклирам значи постојам
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
