Фудбал
9. November 2015 - 8:44

У-21: Без Давид против Французите

Младата фудбалска репрезентација на Македонија ќе мора да го одигра квалификацискиот дуел за следното ЕП без Давид Бабунски кој  самиот преку фејсбук ја информираше јавноста дека заработил повреда на првенствениот дуел на Барселона Б тимот против Љостенсе во рамките на Третата шпанска лига. 

Следен натпревар на избраниците на селекторот Благоја Милевски е против Франција на 15.11 во Скопје. 
Македонија го дели 2. место на табелата заедно со Франција со по 6 бода.