-->
-->
У-20: Совладана и Швајцарија
-->

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија, играчи до 20 години, го задржа максималниот ефект на Европското првенство во Сехешфехевар, Унгарија. по победите над Белорусија и Ерменија, младите македонски кошаркари во третото коло, во Ц групата, славеа над Швајцарија со 73:60.
Македонија до триумфот над Швајцарија ја предводеа Младеновски и Мекиќ со 16 односно 15 кошеви, двоцифрен број на поени, 11 постигна и Бакоч 11.
Македонската селекција со максимални три победи и шест бода го обезбеди првото место во групата Ц пред селекцијата на Белорусја со 5, Ерменија со 4 и Швајцарија со 3 бода.
’Црвено-жолтите’ заедно со Белорусија ќе играат во четвртфиналната фаза на шампионатот во новоформираната Ф група заедно со двете најдобри селекции од Групата Д, непоразената Шведска и домаќинот Унгарија.
Во втората рунда Македонија тим ги носи бодовите од победата против Белорусија, што ја става во позиција со само еден успех во новата рунда да обезбеди место во полуфиналето.
Четврфиналната рунда Македонија ја отвора против домаќинот Унгарија во среда, ден подоцна ќе игра против Шведска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

ДДВ за горивата од 18% на 10%
-

Мерките од Владата не се доволни – ефект ќе дадат мерките предложени од СДСМ
-

Часовникот отчукува: Трамп му постави ултиматум на Техеран – имаат помалку од 48 часа
-

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите на обвинителите, но се вработуваат нови 200 судски соработници
-

“Брзи прсти” за добивање термин кај специјалист
-

Спречен сомнителен увоз на месо од Парагвај и ореви од Казахстан
-

Браната на р.Отиња во завршна фаза - Николовски на увид
