Твитер отстрани сметки од Србија, Египет, Индонезија…со владини пропаганди
Твитер денеска отстрани илјадници сметки од Србија, Египет, Хондурас, Индонезија и Саудиска Арабија за постапување според владини директиви или за промовирање провладина содржина.
Како што пренесуваат странските агенции, Твитер и останатите социјални мрежи се под притисок да ги отстранат сите дезинформации и говор на омраза од нивните платформи, кои исто така се зголемени поради пандемијата на коронавирусот.
Во соопштението на Твитер се наведува дека се отстранени сметките затоа што тие ги прекршиле политиките на платформата и биле намерно создадени за да ја поткопаат јавната расправа.
Отстранети се 2.541 сметка што се поврзуваат со египетскиот весник „Ел Фагр“ поради создавање лажни сметки кои генерираа пораки кои ги критикуваат Иран, Катар и Турција.
„Информациите што ги добивме однадвор укажуваат дека сметките ги следеле упатствата на египетската влада“, се вели во соопштението на Твитер.
Компанијата отстрани и 3.104 лажни сметки што беа создадени под единствена ИП-адреса во Хондурас од владин службеник за споделување претседателски содржини.
Ново на Сител
-
Трамп отворен за идејата Путин да посредува меѓу Изрел и Иран
-
Трамп: Наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран
-
Иранците ја гаѓале и приватната резиденција на Нетанјаху
-
Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал ерлајнс“ ги откажа летовите до 23 јуни
-
МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско