Твининг проект за ЕУ Директивата за индустриски емисии

Со финансиска поддршка од 900.000 евра од Европската унија (ЕУ) ќе се зајакнуваат капацитетите на македонските институции за транспонирање и примена на новата Директива за индустриски емисии.
На состанок денеска во Скопје ќе бидат презентирани целите на твининг проектот за зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за Директивата. Проектот почна во октомври лани, а ќе трае до крајот на годинава.
Во тек на проектот предвидена е изработка на закони и подзаконски акти во согласност со Директивата, проценка на економското влијание на нејзината примена, обуки за надлежните институции за издавање дозволи и за операторите на индустриските капацитеи...
Твининг проектот ќе го спроведуваат Агенцијата за животна средина на Австрија како водечки партнер, со Министерството за животна средина и просторно планирање и македонската Управа за животна средина, главен корисник.
На состанокот е најавено учество на министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, на амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, амбасадорите на Австрија и на Шпанија во државава, Ренате Коблер и Рамон Абaроа Каран и директорот на Aгенцијата за животна средина на Австрија, Георг Реберниг.
Ново на Сител
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
-

На бизнисот потребен му е стручен кадар, со знаења и вештини, не само дипломи
-

Анализа: Како да се намали бројот на кучиња скитници?
