Македонија
16. February 2022 - 13:38

ТВ презентерката Бесмира Ејупи ќе стане македонски конзул во Њујорк

ТВ презентерката на вести, Бесмира Ејупи ќе стане генерален конзул на Македонија во Њујорк, САД, пишува порталот „zoom.mk“. 

Синоќа владата на затворена седница, по предлог на Министерството за надворешни работи, го утврдила предлогот таа да биде пратена за македонски генерален конзул во Њујорк.

Во наредниот период во консултации со кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, официјално ќе биде побаран агреман од земјата домаќин за новиот конзул.